+ 072 220 606 uslugaplus@outlook.com
+ 072 220 606 uslugaplus@outlook.com

ОСИГУРУВАЊЕ НА ИМОТ

Осигурајте го вашиот имот од пожар и удар од гром, олуја, град, експлозија, излевање на водоводна и канализациона инсталација, паѓање на воздушни летала,удар со сопствено моторно возило во осигурен објект, манифестации и демонстрации, поплава, порој и високи води.

Осигурување на опрема, залихи и инвентар од провална кражба и разбојништво

Со осигурување на опрема од ризикот кршење машини се дава осигурителна заштита од оштетување или уништување на осигурените предмети од незгода во погонот под кој се подразбираат настани што се случуваат непредвидено и одненадеж во врска со користење на осигурените предмети.

Со осигурување на стакло од кршење се дава осигурителна заштита на осигурениот предмет од кршење.

Со осигурување на објектите во градба и монтажа се дава осигурителна заштита на станбени, деловни, индустриски објекти, патишта како и опремата на терен од ризиците пожар и некои други опасности, провална кражба и разбојништво и осигурување на одговорност на изведувачот кон трети лица додека трае градбата.

Осигурување од земјотрес, можете да ги осигурате приватните, деловните простории и предметите во нив од штети предизвикани од земјотрес.