+ 072 220 606 uslugaplus@outlook.com
+ 072 220 606 uslugaplus@outlook.com

ОСИГУРУВАЊЕ НА ТРАНСПОРТ

Осигурувањето стоки во домашен транспорт опфаќа осигурување на сите пратки на стоки кои се превезуваат со туѓи или сопствени средства на ризик на осигуреникот, на територијата на Република Македонија.

Осигурувањето стоки во меѓународен транспорт опфаќа осигурување на пратки за сите клиенти кои се занимаваат со увоз или извоз на стоки, покритие на пратките кои патуваат на ризик на осигуреникот, од местото на натовар до местото на растовар.

Со осигурувањето од одговорност на превозникот ЦМР, осигуреникот ја осигурува својата одговорност како превозник кон корисниците на превозот за докажана делумна или целосна загуба, оштетување на пратките во домашен и меѓународен превоз, превземени на превоз со товарен лист или договор.