Оваа изјава на приватност се однесува на приватност на податоците кои што се наоѓаат на интернет страницата www.uslugaplus.com.mk, кои што се собрани при користење на таа страница и зачувани во базата на податоци на Услуга Плус.
Услуга Плус како давател на услугите на интернет страницата www.uslugaplus.com.mk се придржува до законските прописи со цел да се заштити приватноста на корисниците. Се советуваат крајните корисници да прочитаат се што е наведено на оваа страница за полесно да разберат кои информации ги собира Услуга Плус и како истите ги користи за извршување на услугата.
Крајните корисници кои што имаат било какви прашања во врска со Податоци за приватност можат да испратат e-mail на следната адреса: uslugaplus@outlook.com.
Крајните корисници се советуваат внимателно да ја прочитаат оваа изјава на приватност. Со пристапување и користење на нашата интернет страница, крајниот корисник потврдува дека ги прочитал, разбрал и ги прифатил сите Податоци за приватност и начинот на примена од страна на uslugaplus.com.mk интернет страницата. Доколку крајниот корисник не се сложува со овие Податоци за приватност, го упатуваме крајниот корисник да ја напушти, односно да не пристапува и да не ја користи интернет страната uslugaplus.com.mk.
Услуга Плус може да ги промени Податоци за приватност во било кое време со објавување на изменетиот текст во делот “Податоци за приватност „ на интернет страната. Измената стапува на сила веднаш по објавата на интернет страницата uslugaplus.com.mk.
Секој Краен корисник е одговорен за точноста на податоците што ги внесил за извршување на услугата од страна на Услуга Плус.
Секој Краен корисник самиот е одговорен и должен периодично да ја посетува оваа страница и да ги согледа промените во Податоци за приватност. Продолжување на користењето на оваа интернет страница од страна на крајниот корисник по стапување на сила на измените, подразбира дека крајниот корисник ги потврдува и ги прифаќа сите услови на изменетата во Податоци за приватност.
Услуга Плус ДООЕЛ Битола собира информации кои што го идентификуваат специфичиот краен корисник. Кога крајниот корисник ќе се вклучи во одредени активности на uslugaplus.com.mk интернет страната, како што се ,внесување на лични податоци, испраќање на повратни информации, Услуга Плус може да побара од крајниот корисник одредени информации за него како што се име и презиме, адреса (вклучувајќи и поштенски број), е-пошта, телефонски број и датум на раѓање, информации за бројот на кредитната картичка, рокот на истекување, код за авторизација и други поврзани информации. Услуга Плус, исто така може да побара од крајниот корисник увид во неговата лична карта.
Вклучување во идентификациски активности и давање на лични податоци е одлука на крајниот корисник. Ако крајниот корисник не ги даде тие задолжителни информации за одредената услуга која што ги бара, нема да му биде допуштено вклучување во таква услуга.
Uslugaplus.com.mk содржи одредена провизија за извршување на услугите. Со пристапување и користење на нашата интернет страна, крајниот корисник потврдува дека ја разбрал и прифатил одредената провизија.